After Midnight

Се што треба да знаете за оргазмот, а сигурно не го знаете!

Не треба да ви биде срам, оргазмот е дел од женското здравје, како и конецот за заби, само што е многу позабавна тема. Еве прилика да дознаете се што од секогаш ве интересирало за големото “О”.

Оргазмот ја намалува болката

Ве боли главата? Тогаш очигледно ви фали секс!

Докажано е дека оргазмот може да ги намали различните видови болки, како например болките предизвикани од артритис, болки после операција и др. По време на оргазам организмот ослободува окситоцин, кој предизвикува опуштање на телото. Дури и самата помислата на секс може да ги ублажи болките.

Употребата на презервативи не влијае на оргазмот

Ако сте мислеле дека презервативот делува на интензитетот на оргазмот, не сте во право. Без разлика дали мажот користи презерватив или не, жената ќе доживее оргазам подеднакво квалитетен. Презервативот може да помогне сексуалниот однос да трае подолго бидејќи мажот не мора да се грижи и да внимава да го извади пенисот пред ејакулација.

30% од жените имаат потешкотии со достигнување оргазам

Ако имате ваков проблем не сте сами. Според статистиките, една од три жени има проблем со достигнување на врвот за време на сексот. А дури 80% имаат проблем со достигнување оргазам по време на вагиналниот однос. Стимулацијата на клиторисот може да помогне како и медицинска помош со употреба на лекови. Женската сексуална дисфункција се лечи со помош на тестостеронска терапија.

Пронаоѓањето на Г точката ја зголемува веројатноста за оргазам

Г точката содржи голем број нервни завршетоци па затоа е многу важна кога станува збор за оргазам. Но оваа тема и понатака останува контоверзна. Англиски научници неодамна во една анализа го негираат постоењето на Г точката, додека други го тврдат спротивното. Местоположбата не е иста кај сите жени, затоа секоја од вас треба сама да го пронајде кое е тоа место.

Оргазмот со тек на годините станува подобар и почест

Едно истражување покажало дека 61% од жените на возраст од 18 до 24 години постигнале оргазам за време на последниот сексуален однос, жените во триесеттите 65%, а оние во четвртата деценија од животот дури 70%. Ова е вака, затоа што жените со годините стануваат сексуално поискусни и имаат поголема самодоверба.

Понекогаш оргазам може да се доживее и без генитална стимулација

Сите сме слушнале за жени кои доживеале оргазам за време на патување со воз или за време на масажа ама тоа не се урбани легенди. Сручњаците тврдат дека ова е редок феномен и постои објаснување зошто ова се случува. Причината е двострана – зголемен е протокот на крв во гениталиите како и вибрациите кои делуваат на клиторисот. Зголемениот проток на крв за време на масажа исто така може да доведе до оргазам.

Напиши коментар