After Midnight

Секс и во бременост! Совети како да го изведете тоа

За време на бременоста, жените најчесто избегнуваат да имаат секс со партнерот поради стравот дека нешто може да му се случи на бебето.

Сексот е одличен начин за партнерите да останат интимни за време на бременоста. Најчесто е сигурен доколку се придржувате до следниве правила:

–  Најубаво е жената да биде врз мажот или пак да лежи на страна, а партнерот да пенетрира одзади.

–  Треба да се избегнуваат сексуалните игри со вода и воздух и било кои други сексуални играчки.

–  Жената секогаш треба да има право да каже „не”.

–  Доколку медицинските лица ве советуваат да немате однос, тогаш навистина избегнувајте го.

–  Избегнувајте сексуален однос, доколку било кој од партнерите имаат сексуално преносливи болести.

–  Доколку за жената постои голем ризик од предвремени болки, избегнувајте оргазам или однос со партнерот се додека докторот не ви одобри. Во вакви случаи треба да се избегнува дури и стимулација на брадавиците.

–  За време на сексот, мажот треба да покаже многу нежност, разбирање и креативност.

Девојките по природа се гадливи и пребирливи. Но, кога станува збор за секс за време на менструалниот циклус, мажите многу повеќе се гадат од жените. За тоа нема потреба. Таквиот секс е подобар и има многу позитивни страни.

 

Write A Comment