After Midnight

Секс со кондом не значи помало уживање

Сексот со кондом е оценет како подеднакво возбудлив и пријатен како и тој без него, а мажите немаат проблем во одржувањето на ерекцијата за време на ставањето на кондомот.

Новото истражување покажало дека и мажите и жените еднакво уживаат во сексот со или без кондом. Анализата на податоците за сексуалните навики кои ги приложиле испитаници од 18 до 59 години, открила дека сите сметаат дека сигурниот секс е возбудлив и пријатен, исто како односот без заштита.

Докторката Деби Хербеник која го водела истражувањето изјавила дека е важно паровите заедно да ја донесуваат одлуката за тоа каков вид на заштита ќе употребуваат, бидејќи тоа се одлуки кои ја зголемуваат сигурноста и задоволството на сексуалните искуства.

Ова истражување исто така покажало дека за време на ставањето на кондомот, на мажите не им претставува проблем да ја одржуваат ерекцијата.

Докторката Хербеник додава дека истражувањето ќе помогне во формирање на здрава порака за борбата против полово преносливите болести, ХИВ и несакана бременост.

„Мора да разбереме како луѓето одлучуваат кои производи да ги користат и како тие придонесуваат во сигурноста и пријатноста на нивните сексуални искуства. Ова е исклучително важно затоа што производите постојано се развиваат“, објаснува др. Хербеник.

Напиши коментар