After Midnight

Шест работи кои мажите ги приметуваат кај жените

1. Искрена насмевка

Мажите многу добро знаат да препознаат искрена насмевка кај девојката или дали таа глуми. Највеќе ги привлекуваат девојки кои ги покажуваат своие емоции од срце.

2. Боја на гласот

Истражувањата покажале дека мажите сакаат кога жените имаат малку повисоки тонови на глас, но не и тоа да биде пискав глас. Бојата на гласот им е многу важна и ако не им се допадне големи се шансите да се откажат од додворувањето.

3. Односот меѓу половината и колковите

Дури и кога се во потрага само за една ноќ, мажите го гледаат струкот и колковите, што укажува на плодноста на жените.

4. Очи

За мажите многу се важни убавите очи, а уште повеќе и тоа што тие го зборуваат. Во погледот на девојките со кои разговараат ја гледаат нејзината искреност и бараат знаци на кои наликува нејзиниот карактер.

5. Убави гради

Нормално мажот сепак ги приметува градите, но тоа не значи дека сте обесправени да немате деколте како Памела Андерсон. На мажите им е важно градите да бидат цврсти и убави обликовани.

6. Сјај на кожа

Мажите сакаат кога жената изгледа здрава и сјајна, ќе ја одберат онаа која има светол тен од оние со блед тен.

Напиши коментар