Потребни состојки:
– 5 јајца
– 150 мл млеко
– 100 гр грашок
– 2 компира
– 100 гр сецкано димено бело месо
– главица кромид
– 2 лажици масло
– сол и бибер
Подготовка:
Компирот излупете го и исецкајте го на коцки и заедно со кромидот на кратко пропржете го. Грашокот на кратко обарете го и процедете го. Во длабок огноотпорен сад ставете го маслото и убаво размачкајте го. Ставете го месото исецкано на коцки, пропржениот зеленчук, и грашокот. Измешајте ги јајцата со млекото и зачините и прелијте го зеленчукот. Печете околу 40 минути на 180 степени. Послужете со салата.
