← НАЗАД НА БОЗА

Што крие во себе стариот душек на кој спиеме

Што крие во себе стариот душек на кој спиеме
366 Читања

Во креветот спиеме, читаме, се гушкаме и размислуваме…Но ретко кога некоја од нас помислува дека всушност лежиме на извор на нечистотија.

Американската организација на потрошувачи го објасни стареењето на душекот на еден описен но по малку гаден начин поради кој ќе добиете желба веднаш да си купите нов.

Сега дали е ова навистина така или само маркетинг трик по нарачка на некој производител на душеци не можеме со сигурност да кажеме.

Во секој случај не е лошо да прочитате…

По 1 година…

На вашиот душек има повеќе од 745 грини.

По 3 години…

Во креветот сте спиеле повеќе од 7.800 часа на повеќе од 5 килограми отфрлени мртви кожни клетки.

По 5 години…

На вашиот душек живеат неколку милиони грини.

По 8 години…

Вашиот душек има впиено околу 800 литри пот.

По 10 години…

Две годишно дете има помалку килограми отколку масата на мртви келии на кожа кои се собрале на вашиот душек.

По 14 години…

На вашиот душек има повеќе од 10 милиони грини, 20 килограми мртви кожни клетки и повеќе од 1400 литри пот.
Време е за нов душек или ако редовно длабински го чистите ситуацијата нема да биде ваква? Што мислите вие?

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk