Како ја прегрнувате саканата личност? Или како таа ве прегрнува вас? Што зборува прегрнувањето за нас самите? Ние ќе ви помогнеме да дојдете до тој одговор…
Прегратката е впрочем само проширен облик на човечките потреби за допир. Истражувањата покажале дека контактот на кожата помеѓу мајката и новороденчињата има важни физички и психички предности, но со растењето важноста на допирот не се намалува. Професорката по психологија Karen Grewen, открила дека прегратката може да го намали срцевиот ритам и да го намали крвниот притисок во ситуации кога сме лути и вознемирени.
Бидејќи прегратката и физичкиот контакт се толку важни за човекот, а сите ние се разликуваме едни од други, па затоа и постојат и толку различни видови на прегтатки.
1. Заштитничко прегрнување
Заштитничкото прегрнување укажува за важноста на чувството на сигурност. Личноста ги става своите раце околу струкот на другата особа која се наоѓа пред неа свртена со грб, пружајќи стабилност превземајќи ја улогата на заштитник. Оваа положба покажува голема количина на доверба во односот.
2. Прегратка со рацете на грб
Овој вид на прегратка дава поддршка, олеснување, мир и утеха. Особите си ги галат грбовите една на друга и на тој начин си докажуваат колку навистина се грижат. Оваа положба укажува на отвореност и ранливост. Прегратката со рацете на грб е начин за давање утеха на вашиот партнер.
3. Прегратка со тапкање по грбот
Оваа прегратка укажува на пријателство. Особити си ги тапкаат грбовите една на друга и со тоа си праќаат сигнал за удобност. Тука не се работи за вистинска интимност, романтика ниту близина. Повеќе укажува на сличност или сродство. Кога маж прегрнува на овој начин, тоа значи дека вашиот однос е пријателски.
4. Бавен танц
Бавниот танц укажува на романтика, романтика и само романтика. Едниот партнер ги става рацете околу струкот на другиот, додека другиот партнер ги става рацете околу врат на првиот партнер. Оваа прегратка е типична за нова љубов. Доколку се прегрнувате на овој начин и по повеќе години врска, тоа дефинитивно значи дека романтиката помеѓу вас се уште жива.
5. Јамка
Јамката е прегратка која го „крши телото“ и се граничи со страв да не ја пушти другата особа. Во ваква прегратка луѓето чвсто се испреплетуваат, колку посилно можат, за да не остане ни малку воздух да ги раздвојува. Овдека се работи за положба која претставува длабока посветеност, личностите не сакаат да бидат раздвоени.
Прегрнувајќи се на овој начин, значи дека имате страв од напуштање. Посакувате да останаете во прегратка, таму каде што сте.
6. Летечка прегратка
Летечката прегратка, е прегратка на страст и посакување. Едниот партнер го опкружува другиот додека седи или додека „лебди“ во воздухот. Без обзир на длабочината на вашата поврзаност, оваа положба покажува дека чувствувате постојана физичка страст еден према друг. Не можете да одолеете да рипнете еден на друг во прегратка кога ќе настапи страста. Значи, дури и ако вашата љубов не потрае, физичкиот однос е добар во меѓувреме.
7. Лондонси мост
„Лондонскиот мост“ е прегратка која покажува желба за што поголема дистанца. Двете особи се прегрнуваат со горниот дел од телото, додека долните делови се раздалечени. Оваа положба погажува големо несогласување во врската. Со овакво прегрнување, покажувате дека ни едно од вас двајца не сака да биде блиску до другиот. На некои луѓе едноставно не им е судено да бидат ништо повеќе од познаници.
8. Прегратка со поглед во очи
Оваа прегратка зборува за поврзаноста на душите. Без разлика на траењето на оваа прегратка, одржување на контакт со очите е од најголема важност. Оваа положба зборува за длабока љубов и поврзаност. Во вашата врска, можете да ги видите сите патишта во длабочината на душата кај оној другиот. Вашата врска е силна и непоколеблива.
9. Кукла
Оваа прегратка е, во принцип, е показател на едносмерна врска. Една особа цврсто ја прегрнува другата која за тоа време едноставно опуштено стои, како некоја кукла. Оваа положба покажува длабока нерамнотежа помеѓу тие две особи. Доколку е така, тогаш веројатно тоа не е право пријателство.
10. Џебна прегратка
Ваквата прегратка зборува за едноставност и удобност. Во оваа прегратка, едната или двете особи ги држат своите раце во џебовите на другата особа. Оваа положба покажува колку е опуштен и пријатен вашиот однос. Не морате многу да се трудите за партнерството да ви успее. Кога со леснотија можете да ја ставите раката во џебот на вашиот партнер, знаете дека тоа е совршен спој.
