After Midnight

Што се случува кога паровите ќе престанат да се бакнуваат

Една неодамнешна студија на универзитетот Оксфорд сугерира како се бакнуваат луѓето, односно тоа го прават да ја проверат својата биолошка компатибилност. Истражувањата покажале дека жените најмногу ги привлекува мирисот на мажите кои имаат најразличен генетски код за имунитет од нив, што резултира со поздрави деца. Добриот бакнеж помага на жените да одлучат дали тој маж е добра долгорочна прилика. Но поради тоа се поставува прашањето, дали се бакнуваат долгорочните парови помалку  или пак воопшто не ни мораат?

Според авторката Андреја Демирјан на книгата Kissing Everything you ever wanted to know about one of Life’s greatest pleasures, бакнувањето има здравствени предности. Усните имаат толку нерви до оној момент кога настапува возбудување, мозокот го преплавува од сигнали. Крвните жили се шират, се намалува крвниот притисок, отчукувањата на срцето се намалуваат, а во телото настапува состојба на релаксација.

Докторката Валери Куртис од London School of hygiene and tropical medicine  е авторка на книгата Don’t look, don’t touch: The science of revulsion, тврди дека сексот настанал од нашето основно гадење од едни наспроти други. Една од најголемите опасности со кои се соочувале не доаѓало од грабливците, туку од внатрешните предатори, како црвот и паразитот, а сите луѓе имале некој внатрешен глас кој им кажувал тоа да го избегнуваат. Ако погледнете некој кој оди по улица, сигурно сте свесни дека како и секој човек, во себе носи милиони паразити и сигурно не би сакале да го бакнете. Ако сакате да бидете близок со некој, морате да докажете дека не ви се гади, а првиот чекор е секако бакнежот.

Сепак, што се случува кога луѓето ќе престанат да се бакнуваат? Дали е тоа знак дека повеќе не се во врска? Психологијата покажала како еден од првите знаци на тоа е дека бракот е во опасност кога ќе почнете да чувствувате одбивност или уште полошо, гадење.

Научниците од универзитето Аризона откриле дека венчаните парови или оние во долги врски кои често се бакнуваат се помалку изложени на стрес и чувствуваат задоволство во врската, но исто така бележат со пад на нивото на лошиот холестерол. Во споредба со група парови кои не се бакнуваат често, паровите кои се бакнуваат често повеќе вежбаат, помалку се расправаат и многу подобро се разбираат. Друга студија покажала дека оние кои се бакнуваат често полесно го сносат стресот и имаат повеќе окситоцин, односно хормонот љубов.

Тоа е повеќе од јасно дека не треба да престанете да се бакнувате. Љубовта која се искажува отворено и со телесен контакт, ги менува луѓето на подобро. А тогаш и светот ќе биде поубаво место.

Напиши коментар