Здраво тело

Шумските плодови го штитат мозокот од стареење

Јагодите, боровинките и капините содржат соединенија наречени полифеноли, кои му помагаат на мозокот да ги врши виталните функции.

Полифенолите ја спречуваат акумулацијата на токсичните протеини и штитат од понатамошен развој на Алцхајмерова болест и Паркинсова болест.

Заклучокот бил направен од истражувачи од Универзитетот во Мериленд, кои го анализирале ефектот на плодовите врз мозокот на лабораториски глувци. Особено внимание тие одвоиле на боровинките и јагодите, кои го чистат нашиот мозок од токсини.

Проучувањето траело два месеци. Во тој период нааучниците ги хранеле глодарите со шумски плодови и ги зрачеле нивните мозоци со цел забрзано да стареат. Потоа  ги разделиле глувците на две групи – едните продолжуваат да бидат озрачени во текот на 30 дена, додека јаделе од плодовите.

Резултатите покажале дека нивото на заштита од радијација биле многу повисоки кај глувците, кои се хранат со шумски плодови.

Write A Comment