After Midnight

Сите се исти: Неколку заеднички карактеристики на прељубниците

Мажите кои изневеруваат им создаваат проблем на жените: после некое време, почнуваме да мислиме дека сите мажи се исти. Иако тоа не е вистина, вистина е дека оние мажи на кого неверството не им е туѓо, многу често делат некои заеднички карактеристики.

Го чуваат мобилниот далеку од твојот поглед

Маж кој не крие ништо, ќе го остави мобилниот на маса и ќе отиде во тоалет, иако неговата партнерка седи веднаш до мобилниот. Мажот кој има проблем со оставање на мобилниот покрај партнерката, очигледно нешто крие. Прељубниците често паничат кога нивниот мобилен телефон е подалеку од нив.

Несигурни се

Поради изгледот, тежината, работата на која некој не ги цени…Сите овие работи кај мажот предизвикуваат потреба да изневерува, бидејќи тоа им ја враќа верата во тоа дека се уште се доволно добри мажи.

Нарцисоидни се

Покрај оние несигурните, и нарцисоидните мажи често изневеруваат. И на нив им е потребен доказ дека се доволно добри, а откако ќе го добијат од сопствената партнерка, морат да го побараат и кај други жени, бидејќи една потврда едноставно не им е доволно добра.

Не се нежни

Сексуалниот чин е едно, а вистинската интимност нешто сосема друго. Ако твојот партнер во последно време помалку те милува од порано, постои можност да гали некоја друга. Дури и ако имате подеднакво добар сексуален живот како и претходно, можно е да те изневерува, бидејќи сексот е физички чин, додека нежноста потешко се глуми.

Напиши коментар