ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
2 лажици мед
1 лажица сок од портокал
1 лажица изрендана кора од портокал
1 лажица екстракт од ванила
1 шолја крем сирење (на собна температура)
8 парчиња леб
2 големи банани
3 лажици исецкани не солени кикиритки
1 лажица изрендано чоколадо
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Промешајте го медот, сокот и кората од портокал, екстрактот од ванила и крем сирењето додека смесата не се соедини.
Парчињата леб потпечете ги, а бананите исечете ги на кругови. Секое парче леб премачкајте го со смесата од мед и крем сирење, додадете ги исецканите банани и наросете ги со изренданото чоколадо и кикириките.
По желба можете да додадете и прелив од карамела.
