Здраво тело

Соковите – чувари на вашето здравје

Соковите се едноставно за правење – може со и без соковник, релативно се евтини (далеку се поевтини од витаминските и минералните суплементи), а благодетите кои нам ни ги овозможуваат се многу големи. Тие треба да се пијат веднаш по подготвувањето, бидејќи уште по неколку минути доаѓа до оксидација, што значително ја намалува нивната вредност. Кога започнувате со подготовката, тоа направете го без никакви додатоци – без шеќер, мед, засладувачи… Уживајте во природниот вкус!

Ананас – Сокот од ананас е одличен за подобрување на функционирањето на бубрезите и црниот дроб, а содржи и супстанца која е природ разградувач на мастите. Исто така, ананасовиот сок се препорачува за лечење на ангина.

Праска – Сок од праска го зајакнува срцевиот мускул и ја лечи срцевата аритмија. Помага при анемија и гастритис.

Црна рибизла – Сок од црна рибизла е одличен при недостаток на витамини, анемија, гастритис, бронхитис, грип и ангина. Успешно се бори против вирусите, го зајакнува имунолошкиот систем и е многу богат со витамин Ц.

Црвена рибизла – Сокот се препорачува при болести на кардиоваскуларниот систем, чиреви, кожни болести, реума и настинка.

Цвекло – Сокот од цвекло е одличен борец против заморот, анемија и болести на дегестивниот тракт. Го чисти телото и го намалува крвниот притисок. Во почетокот најдобро е да го земате во мали количини (1 супена лажица), или да го мешате со сок од морков (размер 1:1). Постепено намалувајќи ја количината на сок од морков во мешавината. Може да се чува во фрижидер неколку саати пред консумацијата.

Грозје – Сокот од грозје помага при замор и стресна ситуација. Ги чисти бубрезите и црниот дроб и го намалува холестеролот.

Грејпфрут – Сокот од ова овошје е природен лек за несоница. Го намалува холестеролот, а крвниот притисок го враќа во нормала.

Јаболка – Сокот од јаболка помага при дебелина и дијабетис, кардиоваскуларни заболувања, болести на црниот дроб и бубрезите, артеросклероза, камења во бубрезите и дизентерија. Доста е добар за луѓето кои имаат висока ментална активност.

Кајсија – Сокот од кајсии го зајакнува срцевиот мускул. Редовно консумирање помага и при аритмија.

Краставица – Сок од овој зеленчук делува на крвниот притисок (го враќа во нормална состојба) и го подобрува здравјето на забите, вилицата, косата и ноктите. Се користи и како диуретик. Мешавина на сокот од краставица и сок од морков помага при реуматизна артериосклероза и парадентоза. Оваа мешавина, исто така е корисна и за подобра меморија.

Круша – Сокот од круша помага при бубрежни камења.

Зелка – Сокот од зелка се користи при гастритис со ниско ниво на киселина, чиреви на желудникот и заболувања на слезината и црниот дроб. Ги зајакнува крвните садови, го враќа нивото на масти во нормала и помага при лечење на раните.

Лимон – Сокот од лимон има инзвондредно дејство на алкализација на организмот. Меѓутоа, треба да се пие со топла вода во размер 1:10

Лубеница – Сокот е одличен за лечење на заболувања поврзани со кардиоваскуларниот систем и бубрежни проблеми.

Портокал – Сокот од портокал е моќен природен антиоксиданс.

Морков – Сокот од морков го подобрува видот, го зајакнува телото и му помага да се врати во нормала по болести или ментални и физички исцрпувања. Лечи и чир на желудник и помага при анемија, рак и туберколоза. Сокот од морков го зголемува апетитот и ги зајакнува забите како и имунолошкиот систем.

Вишна – Сокот од вишни помага при остипација, го подобрува метаболизмот, го зајакнува имунолошкиот систем, го зголемува апетитот и се користи при кашлање за чистење на грлото.

Домат – Сокот од овој зеленчук е одличен за диети и го зајакнува имунолошкиот систем. Полн е со минерали, природни антиоксиданси и

Write A Comment