After Midnight

Совладајте ја машката психа во 5 чекори

Познавењето на машката психологија е можби една од најмистериозните нешта кои жените сакаат да ги знаат. Мажите велат дека тешко е да се разберат жените, што можеби е точно. Но, факт е дека и машката популација е некогаш многу тешко да се дефинира. Можби во тоа ќе ви помогнат следниве совети.

Пружете му поддршка

Една работа за психологијата на мажите е нивната потреба да не им се повреди егото. Мажот сака да знаље дека добро ја работи работата и дека ја има вашата поддршка во тоа. Нема потреба од претерување, но упатување на комплименти од време на време нема да биде лошо.

Откријте што е она што го подига

Во што вашиот партнер ужива? Дали сака спортски автомобили? Дали фудбалот е неговиот живот? Научете мали работи за вашиот партнер, како што се она што тој го сака и она што не го сака. Ако покажете интерес за неговите активности, ќе му помогнете да ви се отвори, со што ќе ви овозможи да навлезете во неговата психа.

Разберете дека и мажите имаат емоции

Мажите сакаат да изгледаат грубо, но всушност тие се големи емотивци. Некои тоа може да го кријат, други да го оспоруваат, а трети да го игнорираат. Ставете му на знаење дека е сосема во ред да биде тажен или вознемирен. Покрај тоа, важно е да знаете дека поголемиот број на мажи својата тага ја изразуваат низ фрустрација или лутина, бидејќи се обидуваат во целата ситуација да изгледаат што повеќе мачо.

Покажете разбирање

Дали вашиот партнер некогаш кажал нешто што звучело погрешно? Во поголемиот број од случаите ќе го препознаете тоа, но понекогаш неговите зборови ќе ги сватите буквално. Разберете го овој дел на машката психологија: мажите не знаат баш секогаш да го кажат она што го мислат или чувствуваат. И, многу често, се обидот да го поправат она што е веќе кажано само ја влошува ситуацијата.

Бидете искрени

Секогаш бидете искрени со вашиот партнер. Доколку сакате и тој да биде искрен со вас, тогаш и вие така однесувајте се. Искреноста е многу важна во секоја врска. Недостатокот на искреност многу често може да биде една од главните причини за прекинување на врската.

Напиши коментар