ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
2 големи модри домати исечени на ленти од 2,5 см
Доматен сос
моцарела
неколку исецкани свежи домати
1 шоља свеж спанаќ
½ лажичка сол
бибер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Распоредете го исецканиот модар домат.
Посипете малку сол и бибер и ставете го во рерна да се пече 15 до 20 минути. Потоа извадете го и секое парче свртете го на другата страна.
На секоја кришка домат ставете по една лажица доматен сос, па ставете ја моцарелата (или некое друго сирење по ваша желба што лесно се топи), малку спанаќ и домат и печете уште 5 минути.
Сервирајте по желба и послужете го додека е уште топло.
