Новости

Старлетата Блек Чајна се вери со Роб Кардашијан

Старлетата Блек Чајна објави дека ќе се мажи за братот на Ким, Роб Кардашијан. Блек Чајна со повлечениот брат од семејството Кардашијан е во врска само три месеци, а на социјалните мрежи објави дека и подарил прстен и ја запросил.

Најголемата критичарка на семејството Кардашијан наскоро ќе стане дел од славното семејство.

Роб Кардашијан ја победи депресијата, се стави на диета, а по долгиот период на криење дома, видно среќен се појави во јавноста.

– „ДА“ – напишала Блек Чајна покрај фотографијата на која носи свршенички прстен со огромен дијамант.

Роб порано беше во врска со пејачките Адријана Бејлон и Рита Ора, додека Блек Чајна, чие вистинско име и е Анџела Вајт, беше во врска со раперот Тајга, со кого го има синот Кинг Каира. Тајга, пак, сега е во врска со најмалата сестра на Роб, Кајли Џенер.

И додека пристигнуваат честитки по повод свршувачката на Роб и Чајна, не е познато како реагирале сестрите на Роб, кои не ја поднесуваат старлетата, кој е, покрај другото, и најдобра пријателка на Амбер Роуз, поранешната девојка на Кање Вест.

 

Write A Comment