← НАЗАД НА БОЗА

Топ 3 баксузи во хороскопот

Топ 3 баксузи во хороскопот
363 Читања

Секој хороскопски знак има свои предности и недостатоци. Иако сите се соочуваме со малерозни ситуации во секојдневието, на некои од хороскопските знаци тоа им се случува исклучително често.

Како би се чувствувале доколку секој ден ви е како петок 13-ти? Можеби виновен е хороскопот, а не вие. Дознајте кои се тие баксузи од знаци и зошто е тоа така!

Девица

Девиците боледуваат од педантност и перфекција во секоја можна смисла. Кога е нервозна или напната, Девицата е во состојба да го риба станот до недоглед. Нема да застане сè додека не дојде сè на своето место и тоа по нејзиниот строг распоред.

Такви се и во животот – сè мора да биде беспрекорно организирано и на место, па доколку нешто тргне во погрешен правец, Девицата веднаш ќе почне да ги исправа работите и да се прашува зошто токму неа тоа мора да и’ се случи. Од некој ситен проблем, таа е во состојба да направи огромна драма.

Вага

Вагата е голем борец за правда и секогаш тежнее да разоткрие сè, дури тоа и да не е од нејзин интерес. Таа ја гледа неправдата на секој чекор, а туѓите проблеми ги доживува како свои.

Со оглед на тоа што е голем естетик, најголемата неправда за Вагата е стареењето. Тоа е нејзиниот најголем непријател со кој не може да се помири сè додека е жива.

Риби

Рибите имаат своја визија за светот, која е билзу до совршенство и тешко доаѓаат во допир со реалноста. Кога ќе се случи да ги симнат розевите наочари од очите и да ја погледнат реалната состојба на работите, тешко можат рационално да го поднесат тоа. Затоа на проблемите знаат да изреагираат многу бурно, понекогаш и непресметливо.

Кога ќе се најде пред некоја тешка или наизглед нерешлива ситуација, не е невообичаено Рибата да се обиде да ја реши под дејство на алкохол, бидејќи така полесно се соочува со работите.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk