After Midnight

Вашата врска е сериозна кога тој…

Се забавувате веќе некое време и се прашувате дали вашата врска е на прагот да стане сериозна?

Набљудувајте го неговото однесување кога сте заедно и откријте сама дали тој има сериозни намери со вас.

Ако ве држи за рака...ако се држите за рака додека се шетате, разговарате и пиете кафе, тогаш знајте дека тој сака на цел свет да му покаже дека му е мило што е со вас.

Ако ви го допира грбот...мажот кој ве допира по грбот или половината всушност сексуално ве предизвикува. Тој намерно ги одбира овие сензуални делови од вашето тело и ја очекува вашата реакција.

Ако ве бакнува кога се испраќате…ако ве испраќа со долг бакнеж вие сте среќна “коцка“. Бакнежот е знак дека кај него ја будите искрената и нежната страна.

Ако секогаш стои близу вас…ако е секогаш на помалку од два чекори од вас додека разговарате, тоа значи дека сака да влезе во вашиот простор на интимност.

Ако седи на рацете…тогаш се обидува да се контролира. Внимава што ќе каже, сака да остави добар впечаток и да ве задоволи.

Ако кога е со вас често на лицето има широка насмевка...ако “блеска“ додека разговарате, знајте дека кога ве гледа или мисли на вас во неговиот стомак “летаат пеперутки“.

Ако често сака да ве гушка…тој сака да ве заштити. Сака да се грижи за вас на секој можен начин.

 

Write A Comment