ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
2 тиквички
1 јајце
200 гр шунка Пекабеско
200 гр кашкавал
100 мл млеко
5 лажици брашно
топка моцарела
сол
бибер
масло
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Брашното, јајцето и млекото ставете ги во сад и мешајте, па додадете ги зачините.
Тиквичките исечете ги на ленти, ставете им сол, и убаво поминетеги во смесата со јајце,брашно и млеко. Ставете ги лентите на плех со хартија, и на нив наредете шунка, кашкавал и моцарела.
Замотајтеги лентите од тиквички во форма на ролат и затворете ги со фолија.
Печете 20 минути на температура од 180 степени.
Добар апетит и добра забава!
