Мојата кујна

Вкусна тава со печурки

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

400 г свежи печурки

1-2 кромида

250 г кашкавал

2 лажици масло за готвење

1 лажичка сол

½ лажичка црн пипер

1 лажичка брашно

30 г путер

120 г павлака за готвење (со висок процент на масленост)

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Печурките исчистете ги и исечкајте ги на парченца. И кромидот исечкајте го на ситни парченца. Кашкавалот изрендајте го.

На тава за пржење, загрејте масло и запржете го исечканиот кромид. Посолете и пржете се додека не се карамелизира кромидот.

Во тавата додадете ги исечканите печурки и динстајте ги околу 8 минути. Додадете лажичка црн пипер и тргнете ги од оган.

Во друг сад, на оган, ставете лажица брашно и запржете го. Додадете путер притоа константно мешајќи. Додадете ја и павлаката и мешајте се додека малку не се згусне.

Печурките префрлете ги во огноотпорен сад за готвење. Одозгора прелијте со претходно подготвениот сос и наросете со рендан кашкавал.

Печете на 200 степени се додека површинскиот слој не добие златно кафена боја. Сервирајте топли во комбинација со зеленчук, тестени или месо.

Write A Comment