ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 180гр шеќер во прав
* 1 штипка сол
* 3 јајца
* 160гр брашно
* 1 лажиче ванила
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Ги матиме јајцата со шеќерот во прав и солта и кон нив го додаваме брашното и ванилата.
- Смесата добро се мати и се става во тава. По желба, со помош на лажичка обликуваме бисквити врз хартија за печење или пак ја израмнуваме смесата.
- Оставаме да отстои 2 часа во фрижидер.
- Потоа ја печеме на 180 степени, околу 20 минути.
