Компирот може да биде гозба сам по себе. Затоа можеме да кажеме дека е ѕвезда на денешниот рецепт.
Иако постојат многу верзии на ќофтиња од компири зошто да не испробате уште една?
Состојки:
- 1 килограм компир
- 50 грама спанаќ
- 2 помали парчиња кромид (со млад кромид би било најдобро)
- 1 јајце
- 2 лажици рендано тврдо сирење
- Сол и бибер по вкус
- Сусам
- Маслиново масло
Подготовка:
Компирот исчистете го и исечете го на коцки и сварете го во солена вода.
Додека компирот се вари, исчистете го спанаќот и исситенете го.
Исецкајте го и кромидот. Сварениот компир префрлете го во цедалка да се исцеди убаво и вратете го во тенџерето во кое се вареше.
Со помош на рачен блендер изблендајте го за да добиете пире. Додека е уште топол додадете го спанаќот, сирењето и зачинете го по вкус и убаво измешајте и оставете да се олади пред да го додадете јајцето.
На крај додадете ги изматеното јајце и кромидот.
Вклучете ја рерната на 220 степени, а плехот обложете го со хартија за печење.
Од смесата направете плескавици со дебелина од 1,5 см. Наредете ги на плехот и посипете ги со сусам и пропрскајте ги со маслиново масло.
Печете ги додека да добијат златна боја.
Послужете ги со зелена салата и сос од мешавина на павлака и мајонез.
