Ви здодеаја сложените ручеци кои ви одземаат по најмалку 2 часа во кујната? Ова потпечено пилешко веројатно ќе биде супер замена за која сите ќе мислат дека сте потрошиле часови подготвувајќи го.
Вкусниот ручек никогаш не бил поедноставен!
Потребни состојки:
- 500g пилешки стек
- 1l павлака за готвење
- 2 кесички инстант супа од печурки
Подготовка:
Во сад за печење ставете го исечканиот стек, а потоа истурете ги супите од печурки.
Добро измешајте со раце и распоредете рамномерно. Потоа прелијте ја павлаката за готвење.
Ставете ја тавата во рерна на 200 степени околу половина час, додека горниот слој не порумени.
