Free zone

Внимавајте, ова носи несреќа: ФЕНГ ШУИ советува да не ставате вода на овие места!

Водата е елемент со неправилен облик! Пресилно активирана донесува неодлучност, додека недостаток на водена енергија донесува финансиски проблеми. Доколку сакате благосостојба во куќата, внимавајте на овие совети …

Вода, спред принципите на Фенг шуи, може да донесе неизмерна среќа и благосостојба, но мора да се придржувате до основните правила за нејзино користење.

За да ја активирате водената енергија, потребно е нешто што го симболизира тој елемент. Тоа може да биде вистинска водена маса или слика со вода. За додатно зголемување на водена енергија ќе помогне и некој метален елемент.

Освен што морате да ги почитувате долу наведените забрани, водете сметка водата секогаш да ви биде свежа, бистра, да тече и жубори и да е на поволно место според фенг шуи. На овие 5 места во домот немојте да ставате садови, вазни или аквариуми со вода:

Вода од десната страна на влезната врата

Се однесува на водата внатре во домот како и таа надвор од него. Ваквата локација на било која количина на вода би значела неповолност за вашето семејство ако сте во брак, и/или многу лоша репутација ако не сте во брак. За оженетите мажи оваа вода наводно донесува бројни шанси за изневерување, кои тие, според влијание на неповолниот фенг шуи, кога тогаш ќе ги искористат, без разлика колку верни и чесни биле по природа.

Затоа е многу важно да се погрижите аквариумот, фонтаната, езерцето, или водено цветен аранжман и никогаш д ане се најдат на тоа место.

Ако е некако можно ставете го водопадот или фонтаната од левата страна на влезната врата, што е посебно поволно. Водата нека тече секогаш кон домот, а не од него и нека биде оддалечена барем неколку метри од влезната врата.

Вода во спална соба

Водата која се користи во фенг шуи цели секогаш е  Yang. Спалната соба секогаш треба да има малку повеќе Yin. Затоа водата во спалната соба станува Yin и влијае неповолно. Штети за здравјето и на брачните односи. Не е пожелно ниту поставување на слики со мотив од вода во спалната соба, а камоли вистинска вода. Експерти велат дека чашата со вода на ноќното ормарче нема да ви наштети.

Напиши коментар