After Midnight

Во оваа кратка историја се крие тајната на вистинската љубов

Во оваа кратка историја се крие тајната за тоа каква е вистинската љубов… Не знам дали некој од вас некогаш ја проучувал, но знам, дека веќе ми е јасно каква треба да биде љубовта, која толку долго ја чекам.

Ништо повеќе и ништо помалку од тоа…

А вашата љубов вистинска ли е?

“ По патот минувала една жена, прекрасна како цвет. Одеднаш, забележала дека еден маж ја следи. Се завртела и го прашала:

–          Кажи ми, зошто ме следиш?

–          Мажот одговорил:

–          Твојата убавина ме заслепи и ми заповеда да одам по тебе. Велат, дека свирам прекрасно и дека за мене нема тајни. Дека во женските срца можам да ја разбудам женската мака. Но јас сакам да ти ја дадам мојата љубов, зошто ти го заплени моето срце!

Убавицата го погледнала и му рекла:

–          Како успеа за миг да се вљубиш во мене? Мојата помала сестра е поубава од мене. Погледни ја, таа е зад нас.

Мажот застанал и се завртел, но видел само една безлична старица. Тогаш тој побрзал да ја стигне убавицата. Ја погледнал и ја прашал:

–          Кажи ми зошто ме излажа?

Убавицата се насмевнала и одговорила:

–          Ти исто така не ми ја кажа вистината, кога ми се колнеше во љубов. Ти ги знаеш сите правила на љубовта и изгледаше дека срцето ти гори од љубов за мене. Како можеш тогаш да се завртиш и да погледнеш друга жена?

Напиши коментар