After Midnight

Возбудливи еротски игри кои ќе го доведат до лудило

Летото е идеално годишно време за повторно да ја разгорите страста  во вашата врска и да му покажете на вашиот партнер дека и вие знаете да бидете дива во кревет. Затоа ви нудиме неколку трикови кои ќе ви помогнат да ја вратите страста која некогаш сте ја имале.

Предиграта е најважниот дел од водењето љубов. Таа го зголемува сексуалното возбудување и ве подготвува за уживањето. Немојте да мислите дека мажите не ја сакаат предиграта. Баш напротив, ја ообжаваат!

Експериментирајте и пробувајте нови пози. Доколку ви здодеало да водите љубов во спалната соба, променете го местото.

Можете да искористите и многу помагала, како коцки лед, шлаг, овошје или други ситници.

Со следниве трикови, разбудете ја неговата фантазија.

– Дозволете му да ве види во вашата секси долна облека. За момент заборавете на своите комплекси и заиграјте му стриптиз.

– Опсипете го со бакнежи. Бакнувајте го по градите, рацете, грбот и стомакот. Промената на температурата од вашите бакнежи ќе ја почувствува и ќе добие желба да ве задоволи на истиот начин.

– Преземете контрола. Не мора секогаш тие да се главни. Со вашата иницијатива ќе му покажете дека сте заинтересирани за секс и ќе го запалите уште повеќе.

– Бањајте се заедно. Седнете во када и наизменично менувајте ја температурата на водата. Малку млака, па потопла. Тоа дополнително ќе ве возбуди.

Write A Comment