After Midnight

Врска со зафатен дечко

Пред да се вклучите во врска со зафатен дечко мора да имате на ум неколку работи. Пред се, има неколку предупредувања на кои никако не смеете да останете глуви.

Зафатениот дечко е всушност фраер кој е достапен само тогаш кога тој ќе ве повика да излезете или да се видите на кратко. Кога вие него го барате, тој нема време, бидејќи има некои други обврски и може да заборавите на дружењето со него се додека тој не ве повика.

Зафатените мажи имаат интереси кои секогаш ги ставаат на прво место. Вие секогаш ќе мора да се буткате за да најдете место во неговиот живот, па добро размислете дали сте подготвени за таква жртва.

На самиот крај на вас е да одлучите што сакате. Ако крај себе сакате маж кој ќе ви служи само за секс кога ви е потребно, тогаш можете да започнете врска со зафатен маж, но ако сакате сериозна врска во која некој ќе ве цени и почитува тогаш тргнете во потрага по подобра опција.

Write A Comment