Мојата кујна

Зелени лазањи

 

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 12 листови за лазањи

* 400гр обарен спанаќ

* 200гр сирење

* 50гр пармезан

* 2 чашниња лук

* сол

* бибер

* масло

ЗА СОСОТ:

* 2 лажци брашно

* 400мл млеко

* сол

* бел бибер

* мускантно оревче

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Обарениот спанаќ исецкајте го и измешајте со исецканиот лук и сирењето.

Брашното запржете го малку во загреано масло и додавајте од млекото, со постојано мешање. Пржете додека да добиете не премногу густ бешамел сос. Посолете, додадете го белиот бибер и мускантното оревче. Во подмачкан сад ставајте ред листови за лазањи, распоредете третина од спанаќот, полиете бешамел сос, поросете пармезан и правете така се додека не ја потрошите смесата. На крајот полиете со бешамел сос и печете 30 минути на 180 степени.

Write A Comment