After Midnight

Жените имаат најжешки фантазии за време на овулацијата

Припадничките на поубавиот пол им робуваат на хормоните – покажало едно истражување. Жените имаат почести и повозбудливи сексуални фантазии во текот на овулацијата отколку во другите денови во месецот, открило истражувањето на универзитетот Летбриџ од Алберта, Канада спроведено врз жени на возраст од 18 до 30 години, кои немаат партнер и не употребуваат хормонални контрацептивни пилули.

Научниците го следеле однесувањето на жените за време на овулацијата преку дневни тестови, а девојките морале да водат и дневник. Пред овулацијата жените имале во просек по 0,77 фантазии дневно, а за време на овулацијата по 1,3 фантазии дневно, со тоа што фантазиите вклучувале и поголем број на мажи. Во текот на овулацијата жените почесто размислуваат и фантазираат за мажи, што значи дека на нив влијае примарниот нагон да побараат партнер. Фантазиите се повеќе емоционални отколку што се визуелни, што пак е покарактеристично за посилниот пол – потврдува истражувањето.

„Поранешнмите истражувања покажуваат дека жените во просек имаат по една сексуална фантазија неделно, но нашите резултати го побиваат тоа. Врвот на плодноста се поклопува со поголемата сексуална желба“ – објаснува водителката на истражувањето, Саманта Досон.

Напиши коментар