Free zone

Знаете ли дека бојата на облеката влијае на вашето расположение

Дали имате проблем во одбирањето облека од вашиот плакар? Соодветната боја на облека може да го подобри вашето расположение и да ве направи повпечатливи за луѓето околу вас.

Црвена 

Оваа боја не е толку едноставна за носење, бидејќи бара храброст и проникливост. Заедно со црвената, треба да одберете и друга нијанса којашто одговара на вашиот тен. Црвената облека ја зголемува вашата самодоверба и ве истакнува во толпата. Поголемиот дел од луѓето ја сметаат црвената за боја која зрачи со страст и сексуалност, освен ако не сте во Индија, каде што црвената боја е традиционална боја за невестински фустан. Комбинацијата на црвени и црни парчиња е модна класика, додека комбинирањето на црвени парчиња со бели или беж има балансиран и благ ефект.

Жолта 

Оваа боја може да предизвика зближување дури и со највообразените и најсрамежливите личности. Исто како и со црвената, и со жолтата мора да внимавате при одбирањето на нијанси коишто ќе одговараат на вашиот тен. Доколку се чувствувате несигурни со одбраната нијанса, одберете модни додатоци коишто нема да влијаат многу врз жолтите парчиња облека што сте одлучиле да ги носите.

Сина

Спротивно на црвената, сината не ја истакнува толку вашата женственост, туку ве прави да делувате смирено и опуштено. Оваа боја е идеален начин да оставите позитивен впечаток на првиот состанок. Доколку носите облека со темносина боја, комбинирајте ја со облека или накит кои имаат посветла или неутрална боја.

Зелена

Уште една боја којашто ќе ве направи да делувате смирено, а воедно и освежувачки. Постојат многу нијанси на зелена боја, затоа таа одговара на секој тен. Ако сакате да ги истакнете зелените парчиња облека, потребен ви е моден додаток во неутрална боја.

Виолетова

Оваа боја е клучна за да оставите впечаток дека сте искусна и самоуверена. На пример, виолетовата боја се препорачува да се носи на интервју. Оваа боја ве прави да личите повозрасно и позрело и го развеселува здодевниот изглед. Облеката во виолетова боја најубаво се комбинира со парчиња во пастелни бои.

Црна

Боја којашто им одговара на сите! Општопознато е дека црната облека го прави женското тело да изгледа послабо. Црната боја има двојно влијание, таа се носи кога жалиме, но и кога треба да се истакне елеганција. Кога сакате да покажете гламур со вашата комбинација во црно, додадете детали во светли нијанси.

Портокалова

Портокаловата боја е одлична за да ја разбуди вашата креативност и активност. Но, внимавајте! Облеката во портокалова боја не се комбинира со впечатливи бои, па секогаш додадете парче во неутрална нијанса.

Напиши коментар