Јапонците се познати како особено интелигентен народ, кој се гордее со својата долговечност, но и со љубезност кон сите. Меѓутоа, поради што тие се разликуваат од останатиот свет?
Одговорот е во нивниот образовен систем кој децата од мали нозе ги учи на вистинските вредности.
Манири пред знаење
Во Јапонија децата не полагаат никаков испит пред да наполнат десет години. Тие до тогаш решаваат само мали тестови за да не се оптеретуваат премногу. Тие веруваат дека првите три години од школувањето учениците трба да учат манири и да ја развиваат личноста. Децата се учат да ги почитуваат другите луѓе и да бидат нежни кон животните и природата. Нив исто така ги учат да бидат дарежливи и солидарни, но им развиваат и особини како што е самоконтролата.
Учебната година почнува во април
И додека многу училишта во светот со работа почнуваат во септември или октомври, во Јапонија тие почнуваат во април. Една од причините е и таа што тогаш цути познатата јапонска цреша. На нив наставата им е поделена на три семестра од 1 април до 20 јули, потоа 1 септември до 26 декември, а потоа од 7 јануари до 25 март.
Учениците ги вршат задачите на домаќинот
Во јапонските училишта, учениците сами ги чистат училниците, кафетериите па дури и тоалетите. Тие се поделени во мали групи и нивната работа ротира во текот на целата година. Нивниот образовен систем верува дека тие така се учат на тимска работа, но и дека им помага повеќе да го ценат и својот и туѓиот труд.
Ручекот се јаде во училниците
Секодневно на мени имаат здрава храна исклучиво од природни состојки која се јаде во училниците. Тие јадат заедно со професорот, со што ја зацврстуваат врската со нив.
Воннаставни активности се популарни
Повеќето деца по училиштето одат на разни курсеви за да се запишат на што е можно подобри факултети или средни училишта. Освен што поминуваат по осум часа во училиште, на воннаставни активности трошат уште по четири часа.
Не ја запоставуваат својата историја
Освен што ги учат традиционалните предмети, Јапонците често им ја откриваат магијата на поезијата на своите деца, додека и нивното писмо е доста застапено во училиштата. Така се учат да ја чуваат својата култура, а и да ја почитуваат туѓата.
Сите носат униформи
Речиси сите основни и средни училишта во Јапонија имаат задожителна облека која учениците ја носат. Така се елиминираат социјалните бариери и појава на кланови. Во училиште сите се исти.
Доаѓањето на часови е на високо ниво
Во Јапонија речиси никој не изостанува од училиште, така да проценката на доаѓањето на часови е неверојатни 99.99 проценти! Повеќе од 91 процент од испитаниците во Јапонија признале дека никогаш не бегале од часови.
Еден тест им ја открива „иднината“
На крајот од средното училиште, сите ученици полагаат тест за полесно да се одлучат за избор на фалултет. Тие избираат на кој факултет сакаат да одат, но ако не ги исполнат условите тогаш обично се откажуваат од студирање. Меѓутоа, дури 76 проценти од студентите се запишуваат на факултетот кој го сакале.
Одењето на колеџ им е одмор
По средното училиште каде што имале многу тестови, Јапонците во текот на факултетските денови најчесто се одмараат. Тие овој период обично го нарекуваат „одмор пред одење на работа“.
