Free zone

Зошто кучињата ги закопуваат работите?

Многу кучиња, вклучувајќи ги ретриверите, териерите, шнауцерите, сакаат да кријат работи на сигурни места. Сè што им треба е мека земја или куп алишта. Вашето куче нема да ги закопува само своите работи, туку и вашите! Но, зошто тоа го прават?

Имено, кучињата во тие ситуации се водат по древен, природен инстикт. Пред илјадници години, кучињата не знаеле кога ќе имаат можност за следен оброк, па го закопувале вишокот на храна. Кога би почувствувале глад, се враќале на тие тајни локации и ја ископувале храната.

Земјата исто така служи како „природен фрижидер“, така закопаните коски подолго остануваат свежи и заштитени од светлината.

Затоа вашето куче можеби ги складира слатките на безбедно место, за подоцна да ги изеде или да ги подели со други кучиња.

Некои кучиња дури и не можат да им одолеат на светликави работи, како што се часовници и обетки и во прва прилика ги закопуваат во корпа со алишта или под ќебето на кое спијат.

Исто така, кучињата често ги кријат предметите кога се осамени, бидејќи им е здодевно и бараат внимание. Ваквото однесување не е злонамерно, само сакаат да добијат повеќе од вашето време.

За да избегнете кучето да ги закопува вашите работи, научете го да ја крие омилената играчка под ќебето. Важно е кучето тоа да го доживее како забавна игра и да почувствува дека му посветувате доволно време.

Напиши коментар