Free zone

Зошто мачките многу спијат?

Мачките во просек спијат од 16 до 20 часа на ден. Зошто им е потребно толку сон?

Мачките не се секогаш во длабок сон, но во текот на денот спијат од 16 до 20 часа. Дури и кога дремат, доволно се будни и претпазливи да можат да рипнат во моментот кога ќе почувствуваат опасност или возбуда. Тие не спијат толку  зошто се мрзливи или им е здодевно. Тие спијат толку долго зошто се спремаат за лов.

Најголем виновник се нивните гени, кои им порачуваат да спијат многу, особено во текот на денот. Но зошто?

Мачките не биле од секогаш припитомени, туку биле диви и не живееле со луѓе. Морале да ловат за да преживеат, а за тоа им требала енергија.

Исто како и лавовите, тигрите и другите диви мачки, припитомените мачки спијат многу во текот на денот за да бидат спремни за ноќен лов, особено околу изгревањето и заоѓањето на сонцето. Секако, повеќето домашни мачки не мораат повеќе да одат во лов, но и понатака ја задржуваат својата навиката на често и долготрајно спиење.

Напиши коментар