Ако не се сеќавате дека како мали и вие сте го прашувале ова прашање тогаш сигурно некое дете ви го поставило прашањето: Зошто рацете ни се збрчкуваат ако ни се подолго време под вода?
Истово прашање си го поставувале и многу научници. Првата застарена теорија била дека епидермисот ја апсорбира водата и едноставно кожата реагира со тоа што се збрчкува, поради можноста да се шири.
Но, истражувањето кое е спроведено во 1935 година, од група научници кои извеле и лабораториски тестови откриле дека оваа реакција не се случува доколку нервите на прстите се оштетени. Па, така дошле до заклучок дека тоа е реакција на автономниот нервен систем.
Што значи дека тие се појавуваат со цел да можете полесно да ги фатите влажните површини.
Во 2013 година е спроведен еден експеримент каде учесниците требале да ги дофатат предметите со мокри и суви прсти. Резултатите покажале дека мокрите предмети можете да ги фатите за 12% побрзо со мокри прсти отколку со суви.
Што значи дека на природата не може ништо да ѝ се измушне. Природата мислела на сè!