After Midnight

Зошто сексот за време на менструација е најдобар?

За многумина сексот за време на месечниот циклус претставува непријатна работа. Но најверојатно ова мислење постои само затоа што не знаат дека таквиот секс е подеднакво добар, дури и подобар, а и има позитивни страни.
За време на менструација жените се повозбудени. Поголем дел од припадничките на понежниот пол, поради крвавењето за време на менструација, се сексуално повозбудени, а тоа значи и дека сексот во тие денови им е подобар. За време на циклусот настануваат хормонални промени во телото, кои ја зголемуваат желбата за секс. Но и убедувањата дека сексот за време на циклус не е препорачлив, може да предизвикаат спротивен ефект и уште повеќе да се отвори апетитот за сексуално задоволство. Во тој период вагината е постојано влажна, така што и пенетрацијата е уште полесна, а ова и на мажите би им предизвикало поголемо уживање. Од крвавиот секс, дури и ќе сфатите дека поради големата возбуденост можете да имате див секс со многу малку предигра.

Сексот за време на менструација ги намалува болките.

Грчевите и напнатоста во стомакот, се намалуваат со постигнување на оргазам. Но има и жени кои имаат силни болки, па препорачливо е мажите со нив да бидат повнимателни, понежни и да почекаат да поминат најсилните грчеви. За да се чувствуваат подобро жените докажано е дека болките можат да ги намалат со физичка активност, а сексот, се разбира, е една од нив. Сексот ги опушта вагиналните мускули, а за време на оргазам се лачи хормонот на среќа, ендорфин, кој за кратко време прави болката да исчезне. Поради интензивното притискање на матката, излегува поголема количина на крв, така што може и да се случи циклусот да трае помалку денови.
Сексот за време на менструација поврзува. Доколку на жената менструација и трае една недела, тоа е долг период за двојките кои навикнале да се сексаат почесто. Но вакво нешто не би требало да биде пречка. Во ваквиот период можете да пробате нови техники, кои инаку не сте ги правеле или сте ги одбегнувале. За време на деновите кога има обилно крварење, пробајте да се задоволувате со игри. На пример, секс помеѓу градите, применете некои рачни техники и орална стимулација на пенисот. Неколку дена само бакнувајте се и допирајте се, а кога менструацијата ќе биде послаба уживајте во сексот. За време на менструација можноста за зачнување е многу мала

Односот за време на циклус е помалку ризичен за несакана бременост. Најголемиот ризик е за време на овулацијата, односно периодот помеѓу две менструации. Поголем дел од припадничките на понежниот пол за време на циклусот немаат овулација, токму затоа можноста да дојде до зачнување е минимална. Но сепак постои ризик, посебно кај жените кои немаат редовна менструација, тие не можат точно да го пресметаат периодот на овулација, затоа мора и да се внимава.

Напиши коментар