Free zone

Зошто вените се сини, ако крвта е црвена?

Крвта никогаш не е сина, туку секогаш е на нијансата на црвено. Сепак, вените преку која минува црвената крв може да делува сина, поради начинот на кој човечкото ткиво и крвта рефлектираат и го апсорбираат светлото.

За се е виновна свелината

Кога светлото допира до ткивото, тоа е распрскува на сите страни преку ќелиите и останатите структури. Тоа светло или се апсорбира во ткивото или исчезнува на површината на кожата. Светлото кое исчезнува преку површината на кожата, или се рефлектира, можеме да го видиме со голо око.

Крвта обично е црвена поради хемоглобинот, протеинот кој е задолжен за носење на кислород во црвените крвни зрнца, а кој апсорбира многу сино светло и рефлектира многу црвено светло. Сетете се кога некој ќе „поплави“ во луцето, тоа значи дека во неговиот организам нема доволно кислород.

Вените за разлика од артериите, носат деоксигенизирана крв, која во ткивото околу вените апсорбира многу повеќе црвено светло од крвта богата со кислород.

Колку повеќе се апсорбира црвеното светло, толку помалку го гледаме.

Вените изгледаат како сини бидејќи носат деоксигенизирана крв

Длабоките вени изгледаат како сини поради деоксигенизираната крв која ја содржат, а која рефлектира помалку црвено светло од останатите ткива.

Така се креира оптичка илузија.

Напиши коментар