After Midnight

Зошто жените ја губат сексуалната желба!?

Доволно фактори негативно влијаат врз либидото на мажите, но тоа е особено поизразито кај жените. Еве неколку од нив.

Различни лекови различно делуваат во секое тело. Некои работи помагаат, а некои отежнуваат. На пример, едно истражување покажало дека лековите кои се користат за настинки и грип го нарушуваат либидото. Слични последици предизвикуваат и лековите за срце и крвен притисок како и лековите кои се препорачуваат во случај на депресија.

Кога во организмот нема доволно железо, се јавува слабост и губење на енергија, а со тоа и губење на желбата за секс. Од тоа најчесто патат жените, а посебно при месечниот циклус кој може да предизвика губење на железото.

Промената на работно место, отказ или било која друга причина која го движи човековото постоење, негативно влијае на либидото. Се претпоставува дека за тоа е одговорен хормонот стрес кој негативно делува на сексуалната желба.

Едно истражување покажало дека честата консумација на леб како и на други производи од бело брашно, не е добра за либидото. Слично делува и шеќерот. Негативните последици се воочени и кај мажите и кај жените.

За крај најроничното, но вистинито. Бројни состојки кои служат за зголемување на сексуалната енергија, всушност предизвикуваат спротивен ефект. Имено, многу од нив содржат некои штетни материи кои делуваат негативно на целиот организам, а посебно на либидото.

Напиши коментар