Мажите во просек живеат пократко од жените, а научниците не знаат зошто е тоа така. Постојат неколку теории за биолошките и општествените разлики меѓу двата пола, но сè уште има работи што научниците не можат да ги разберат.
Станува збор за глобален тренд според кој животниот век на жените е подолг од оној на мажите. Некои теории од 70-тите години на минатиот век велат дека мажите често страдаат од повреди на работа и стрес, што води до појава на срцеви заболувања. Или дека мажите имаат повеќе нездрави навики како пушење цигари и пиење алкохол. Но, и жените имаат нездрави навики така што научниците мислат дека станува збор за биолошки разлики.