Веќе пишувавме за најчестите машки и женски грешки во креветот. И додека некои веројатно се поправиле доколку ги следеле советите на експертите, останаа уште 3 навики кои е тешко да се искоренат.
Има ли некој на кој не му треба да го зачини својот сексуален живот, од време на време? Се сакате, а вашиот партнер воглавно иницира секс кој е редовен, и тоа е тоа, зарем не?
Е па тоа и не е така едноставно.
Експертот за секс Jane Greer, која е и семееен советник, тврди дека дури и во денешно време , после толку совети на стручњаци останаа три грешки во креветот кои претставуваат навики на жените кои е тешко да се искоренат.
Но се надеваме дека и тие ќе се променат:
Грешка прва: Удобната облека…
Нормално е дека сите на себе сакаат да имаат удобна облека кога ќе се опуштат и ќе легнат во креветот. Стари и широки пижами на пример: Има ли нешто поудобно? Но, доколку сакате да внесете малку ведрина во сексуалниот живот и да ја разбиете монотонијата, решението е едноставно – облечете нешто провокативно. Пожелно е нешто кратко и деколтирано, доколку не сакате да облекувате секси долна облека. Реакцијата на партнерот ќе ви биде доволна, а вие ќе се чувствувате посексипилно.
Грешка втора: Не превземате иницијатива…
Немојте секогаш да чекате да ве повика на игра, понекогаш и вие превземете иницијатива . На мажите им е секси кога жената ќе покаже желба за секс, кога ќе се вклучи и кога ќе се труди сексуалниот живот да не биде досаден и монотон. И пак, поголемиот број на жени, тоа му го препуштаат на мажот….Штета.
Грешка трета: Критизирање
Ова треба да се избегнува по секоја цена и за тоа веќе многу се говореше, но стручњакот за секс тврди дека тоа е една од најголемите грешки на кои се склони жените.
Значи, немојте на партнерот да му зборувате што не посакувате и што не сакате. Можете тоа да му го дадете на знаење , на некој друг начин. Доколку не барате ,нема ни да добиете. Но , без критизирање