← НАЗАД НА БОЗА

4 причини зошто да доминирате во спалната

4 причини зошто да доминирате во спалната
91 Читања

Можеби никогаш не сте помислиле да доминирате во спалната, па затоа зошто да не пробате нешто ново? Ако помислата да користите камшици и ланци а такви реквизити не се за вас, тогаш има неколку суптилни и едноставни начини кои можете да ги пробате во спалната што ќе ве направат доминантни. Ви предлагаме 4 едноставни начини да доминирате а со тоа и ќе го полудите вашиот партнер.

1. ОБЛЕЧЕТЕ ГО ВАШИОТ НАЈСЕКСИ ДОЛНА ОБЛЕКА

Без оглед дали е црвена чипка или црна кожа, направете си да се чувствувате полни со самодоверба и да го возбудите вашиот партнер со вашето најсекси парче долна облека од гардероберот. Не само што ќе се чувствувате секси, туку и ќе ви претставува предизвик кој ви е потребен за да го добиете тоа што го сакате во креветот. Можете да ги облечете високите потпетици и да ставите црвен кармин за да бидете вистинска секс божица на која нема да може да одолее.

2. ИМАЈТЕ ЦЕЛОСНА КОНТРОЛА НА ГОЛИОТ ПАРТНЕР

Постои еден психолошки трик, ако вашиот маж помисли дека не може да ве има во еден момент, потоа тој ќе ве посакува двојно повеќе. Откако ќе се облечете секси, преврзете му ги рацете заедно или за креветот. Соблекувајте го полека со заведување, додека нежно му шепотите на ушите. Страстно бакнувајте го и допрајте го по целото тело се до момент на лудило. Продолжете нежно да му дувате во вратот, градите и меѓу бутовите. Поради тоа што нема да може да ве допре, возбудата што му ја правите додека си играте со него и самиот поглед што го има кон вас и вашата долна облека, сигурно ќе го полудат. Не само што ова ќе ве возбуди, туку и тоа што го гледате гол и немоќен, со рацете преврзани, ќе имате потполна контрола.

3. КАЖЕТЕ МУ ТОЧНО ШТО САКАТЕ

Речиси секогаш, сите се трудиме да ги задоволиме нашите партнери за да бидеме сигурни дека тие уживаат во сексот и доживеат оргазам. Меѓутоа, направете си вас да ви е убаво. Зборувајте со вашиот партнер за вашите фантазии и видете дали би сакал да ги исполни. Откако ќе добиете зелено светло слободни сте да се препуштите на вашата фантазија.

Кажете му што ве возбудува и кои се вашите желби, треба да се директни, без оглед дали станува збор за орален секс или да вклучите нова секс играчка, како #vibrationring на Дурекс. Со тоа што ќе го добиете тоа што го сакате ќе се чувствувате посакувано, за да доживеете вистински оргазам, а за него, да слушне како му кажувате „Гали ми ги градите“ или „Ќе те врзам јако“, сигурно ќе се возбуди и ќе ви стане играта уште поинтересна.

4. БИДЕТЕ ОД ГОРЕ

Еден од најдобрите начини да ја покажете вашата доминантна страна е преку секс позите во кои вие ја имате контролата. Заменете ја досадната, мисионерска со поза во која вие сте од горе. „The Cowgirl“ или „Reverse Cowgirl“ се одлични пози што ве ставаат во позиција целосно да го контролирате партнерот и движењата. Друга доминантна поза е кога вашиот партнер седи на столица, а вие сте над него со што неговите движења се ограничени, а со тоа добивате право да ја превземете контролата над тоа што следува…

Запомнете, сексот треба да е забавен и да претставува уживање и за двајцата, затоа осигурајте се дека на двајцата ќе ви биде убаво тоа што ќе го правите пред да започнете.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk