Со него си и се чувствуваш одлично, но дали тоа е тој?
Сите ние сакаме и во животот да ни се случуваат прекрасни нешта како во романтичните филмови, но за жал потрагата на Г-н Идеален не е секогаш асфалтирана патека. По законот на Големата Неправда почесто е неугледно каменито патче со угорници и прашина. Потрагата е дрска авантура, одзема време и никој не ти дава готови одговори. А кога недостига добрата вила што ги претвора глувците во кочијаши и да направи работите да се одвиваат така како што треба, приморани сме внимателно да ги следиме знаците дали тоа е тој.
Знак 1
Респектот е првото нешто во тој список. Меѓу вас може да има многу страст, многу искри, но ако нема респект, едноставно не гледајте на врската како на нешто сериозно.
Знак 2
Тој е спремен на компромиси. Станува збор за отстапки во однос на принципи, зошто изразот „по секоја цена“ треба да омекне, кога станува збор не само за еден човек, а и за тој до него.
Знак 3
Го цени вашето мислење. Тоа ќе го постави најголемиот знак за еднаквост помеѓу вас, а тоа е добра основа за солидна врска.
Знак 4
Свесен е и прифаќа дека направил грешка и разговара со вас за тоа. Да си ја признаеш грешката не е лесна задача – ни за мажите, ни за жените. И штом тоа го направил за вас, ќе направи и многу други прекрасни гестови во иднина.
Знак 5
Се радува на вашиот успех. Велат дека човек полесно ја споделува маката на другиот, отколку радостта. Зошто кога другиот е среќен, му се случуваат убави работи и печали, често во односите се прокрадува зависта. Ако тој искрено се радува на вашиот успех – тоа е уште една позитивна точка во списокот.