← НАЗАД НА БОЗА

Анален секс: Задоволство или болка?

Анален секс: Задоволство или болка?
142 Читања

Аналниот секс претставува табу тема, но зад затворени врати скоро секој пар се обидел да го доживее.

Додека за некои e нешто што треба да се избегнува, а за други неспоредливо искуство, едно е јасно, дека нема некој кој не посакал да дознае какво е чувството при еден од најконтроверзните облици на секс.

Кога ќе соберете храброст и љубопитноста ќе надвладее со вас еве неколку работи кои би требало да ги знаете за аналниот секс.

Не мора да боли

И покрај тоа што чувството е поинакво, сепак болката при секс настанува само доколку чинот е направен погрешно. За разлика од вагината, анусот не создава свое влажнење при возбуда и е потребно тоа да се направи со помош на голем слој на лубрикант. Тоа ќе овозможи полесна изведба на самиот чин.

И аналниот секс може да предизвика оргазам

Иако е потешко да се предизвика поради напнатоста и стравот, сепак и аналниот секс може да предизвика оргазам. Кај некои жени самата помисла влијае како афродизјак кој стимулира возбуда. Од друга страна анусот е поврзан со нерви кои овозможуваат работите да се доживеат поинтензивно.

Започнете полека

Дури и кога страстите се во прашање, испробајте го полека. Најдобар начин за практикување на аналниот секс е кога вашето тело е опуштено. Нема потреба од страв и грчење. Нежниот пристап и комуникацијата ќе направат чинот да не се придвижи во несакана насока.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk