Состојки:
1 kg свежи пилешки крилца,
сол,
вегета,
црвен пипер,
бибер,
бело брашно.
Сос:
1 чили сос,
100g путер.
Продготовка:
Измијте ги и посолете ги крилцата. Во мала кесичка сипете една шолја од 2dl брашно, полна супена лажица мелен црвен пипер, бибер и вегета. Во таа мешавина спуштете ги крилцата, заврзете ја кесата и протресете ја како би се залепило добро брашното насекаде. Нека одстои околу 30 минути и потоа испжете ги во длабок сад со масло на голема температура додека не бидат румени и крцкави.
Кога станува збор за сосот, загрејте го чили сосот и тргнете го од оган па потоа додадете го путерот и само промешајте. Послужете ги крилцата додека се топли.
