Новости

Бијонсе ја снимила песната “Mi Gente” на шпански јазик за жртвите од ураганот Марија

Бијонсе ја претстави песната “Mi Gente”, која ја снимила во склоп на хуманитарната акција за помош на жртвите од ураганот Марија во Порторико.

Како што напишала поп дивата на својот Инстаграм профил, целата заработка од песната ќе биде донирана на здруженијата “CEMA”, “UNICEF” и “Somos Una Voz” која им помага на загрозените жители во Порторико, Мексико и другите опустошени острови.

Покрај новата песна, Бијонсе на својата официјална интернет страница споделила листа на здруженија преку кои може да се донираат пари, храна, вода, облека, лекови и сè останато што им е потребно на жителите, погодени од ураганите Марија и Ирма.

Бројните фанови се посебно изненадени што Бијонсе ја пее новата песна на шпански јазик.

Write A Comment