After Midnight

Бонтон во сексот

Сексот е приватна работа, секој го прави „тоа“ на поинаков начин, но како и да го правите може да се рече дека постојат некои општи правила на кои треба да обрнете внимание. Еве некои најважни:

Бидете чист
Жените поради мажите се бањаат, бричат, депилираат со топол и ладен восок, мачкаат со креми (може слободно да се каже поминуваат низ многу болка), па машки вие можете да се потрудите пред секс барем да измиете заби, евентуално коса, да исчистите уши… да ги исечете влакната од уши и нос (се разбира доколку надворешно се видливи), а исечете ги и ноктите. После сексот трудете се употребениот кондом и неговата амбалажа сами да ја тргнете. Без оглед на тоа што кондомот ги чува и двајцата од инфекции, несакана бременост, треба машкото да биде џентлмен и тој дел од „работата“ да ја преземе во свои раце.

 

Предиграта е важна

Предиграта започнува многу пред да се соблече долниот веш, а се состои од разговор, движења, атмосфера…

 

Без чорапи
Жена во чорапи изгледа привлечно, можеби за некого не, но машкото во чорапи сигурно не. Кога ќе соблечеш сè од себе, не ги заборавај чорапите, без оглед на тоа дали се чисти, бели, спортски или „фенси“.

 

Не наредувај
Пожелно е да кажеш што сакаш, но тоа направи го суптилно и дипломатски. Земи ја раката на партнерот/ката и спушти ја таму каде што сакаш. Никогаш не наредувај, не барај, но не ни моли.

 

Почитувај ги туѓите желби
И партнерот има ерогени зони и омилени пози, не само вие. Исто така не ве возбудуваат исти работи, па затоа подгответе се за соработка. Не се убедувајте еден со друг на работи, пози, движења… за кои и двајцата во исто време не сте расположени. Полека, со тек на време ќе се усогласите.

 

Не зборувајте глупости
Некој сака тишина, а некој разговор за време на сексот. Ако спаѓате во вторите, внимавајте на тоа што зборувате. Не се фалете, тоа никого не возбудува „куче што лае не каса“. Затоа  молчете и покажете што знаете.

 

Не прашувајте како беше
Природно е секој да сака потврда после сексот како сè било супер но… ако навистина било добро партнерот сам ќе каже, во спротивно поставувањето на такво прашање ќе го доведе до непријатна ситуација. Лагата не е лесно да ја изговорите, но не и вистината ако навистина било лошо. Затоа молчете и пратете го говорот на телото на вашиот партнер после сексот.

Write A Comment