Босилекот поседува неверојатни лековити својства. Освен за подобрување на здравствената состојба, босилекот може да го користиме и ако сакаме да сме убави и да ја смириме кожата на лицето. Пијалокот од босилек може да се применува како тоник за лице. Тој ја чисти и детоксицира кожата, правејќи ја сјајна и нежна.
Користете два пати неделно една неверојатна ефективна маска: едноставно згмечете неколку листови свеж босилек, додека да добите густа паста. Таа е погодна за чистење на лицето од црни дамки. Употребата на етерично масло од босилек пак е многу ефикасно средство за подобрување на циркулацијата на крвта и на тој начин помага за забрзување на метаболизмот.
Освен за кожата, маслото е многу корисно и за коста. Може да се најде како главна состојка во прехрамбените додатоци за подобрување на тонусот и еластичноста на кожата. Се користи при акни и инфекции на кожата. Благодарение на неговите анти-оксидантни својства, босилокот помага за заздравување на кожата и го намалува ризикот од различни воспаленија, болести и инфекции.
