Мојата кујна

Брз колач од малини

Потребни ви се само неколку минути за подготовка…

Потребни состојки:

–      ½ литро млеко

–      150 гр гриз

–      100 гр шеќер

–      ½ литро вода

–      300 гр малини

–      100 гр шеќер

–      3 пудинга од ванила

–      100 гр шлаг крема

Подготовка

Ставете го млекото да се вари и кога ќе поне да врие сипете го гризот и 100 гр шеќер и варете неколку минути. Смесата сипете ја во тепсија. Во исто време на шпоретот ставете ја водата со 100 гр шеќер и малините  да се варат. Трите пудинга разматете ги во малку млеко и додајте ги во малините. Кога ќе се згусне сипете ја смесата преку гризот. Кога ќе се излади одозгора премачкате со изматената шлаг крема.

Write A Comment