ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 2 средни тиквичка
* 125 мл млеко
* 120 г брашно
* 1 лажица сол
* 1 лажичка сув лук
* ½ лажичка црвен пипер
* масло за готвење
* свеж магдонос (за декорација)
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Тиквичките добро измијте ги и исечкајте ги на тенки кругчиња. Посолете ги и оставете ги десетина минути. (солта ќе ја впие вишокот течност од тиквичките и подобро ќе се испржат)
Во еден сад ставете го млекото, а во друг сад направете микс од брашното и зачините- малку сол, црвен пипер, лукче а може и некој друг зачин по ваш вкус. Во поголема тава за пржење добро загрејте го маслото.
Секоја тиквичка натопете ја во млеко, извалкајте ја во брашно. Пржете не повеќе од две минути додека тиквичките не добијат златно кафена боја. Исцедете ги на кујнска хартија, а потоа послужете ги со декорација од ситно исечкан магданос.
