Мојата кујна

Чизкејк со чоколада и путер од кикирики

Состојки:

10 грахам крекери (бисквити)
7 лажици путер
700 грама крем сирење
1 и ½ шолја шеќер во прав
1 ванила
1 и ½ шолја топено чоколадо
2 шолји путер од кикирики
1 шолја шеќер во прав

Подготовка:

За подлога, се дробат крекерите, и во нив се замешува стопениот путер. Потоа се настискува и измавнува смесата во калапот за торта, па се става во фрижидер.
Следно, крем сирењето се мати со шеќерот во прав, се додава ванилата и топеното чоколадо, и се` убаво се измешува. Кремот се мачка врз подлогата од крекери и путер, па повторно се враќа во фрижидер.
На крај, се меша путерот од кикирики со шолја шеќер во прав и со овој фил се прекрива тортата.
Повторно се враќа во фрижидер, да се здрви 2-4 часа, и потоа само послужете и уживајте.

Write A Comment