Потребни состојки:
За тестото:
100 гр чоколадо,
150 гр путер,
3 јајца,
150 гр шеќер,
50 мл млеко,
200 гр брашно,
1 пакетче пециво,
За филот:
200 гр маскарпоне,
80 гр шеќер,
2 јајца
Припрема:
Чоколадото и путерот се топат на пареа и се оставаат на страна да се олади смесата. Ги матиме јајцата и шеќерот се до добивање на густ крем и го додаваме млекото. Измешајте ги пецивото и брашното и полека додадете ги во претходно подготвениот крем. Накрај го додаваме растопеното чоколадо со путер. Измешајте добро и исипете ја содржината во тавата за печење која претходно сте ја обложиле со хартија.
За филот го мешаме маскарпонето со шеќерот се додека добро не се соединат. Потоа ги додаваме јајцата и готовиот фил го исипуваме внимателно врз тестото.
