After Midnight

Чудно но вистинито: Што се случува со вашето тело кога сексуално ќе се возбудите?

Покрај стандардните работи кои му се случуваат на вашето тело кога сте возбудени поради секс, ние ви претставуваме уште неколку кои веројатно не сте ги знаеле.

Постојат работи кои му се случуваат на вашето тело а се понекогаш премногу непријатни и чудни, или пак не сте знаеле што точно ги предизвикува.

1. Делови од телото ви се парализираат

Не мора да значи дека ова би ви се случило и вам, но  постојат луѓе кои чувствуваат некој вид на голицкање или трнење на лицето или рацете додека имаат секс. Немојте да се грижите доколку ви се случи истото, тоа е сосем нормална појава, посебно кога сте блиску го оргазам.

2. Кивање

Некои луѓе киваат додека имаат секс или по оргазам. Научниците велат дека за тоа е задолжен парасимпатетичкиот нервен систем, кој се активира додека имате секс, но и при кивање.

3. Многу брзо трепкање

Кога сте превозбудени трепкате побрзо. Тоа се случува бидејќи вашето око е спремно да се справи со солзите од преголемата возбуденост.

4. Толерирате грозни работи и станувате похрабри

При сексуалната возбуденост, многу малку сте осетливи на работи од кои вообичаено ви се гади. Истражувањата за ова ги спроведувале жени кои по природа се гадливи. Испитувањето било така спроведено што на жените откако гледале филмови за возрасни, се напиле вода од чаша во која претходно имало бубачка.

5. Имате главоболки 

Обично главоболките се јавуваат и кај мажите и жените и се посилни за време на оргазамот. Најчесто се благи главоболки но може да преминат и во болка во пределот на вратот.

6. Поголема толеранција на болка

Истражувањата покажуваат дека доколку бебето при раѓање поминува близу до Г-точката, болката е помала.

Напиши коментар